Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ
Циркузијадата наречена Судски совет продолжува да ја тресе македонската јавност веќе трета недела.
Откако на скандалозен, незаконит и криминален начин, со креативно толкување на правната максима „се што не е забрането, е дозволено“ која патем обратно важи за јавни тела, функционери и слично, злоупотребена од неписмен лик кој нема ден стаж како судија, рашимонијадата продолжи.
Зад затворени врати, како последни кукавици, прво го поништија разрешувањето на Весна Дамева( хаха), па потоа повторно го избраа новиот претседател( хахахахах) овој пат со поддршка на уште еден член на Советот, кој никогаш не бил судија, туку во Советот дојде како советник на екс премиерот Заев.
Образложението поради оддржување на седницата зад затворени врати беше дека се штител интегритетот на членовите на Советот.
Но, позитивните прописи кажуваат нешто друго. А тоа е дека јавноста може да се исклучи од работата на Советот само ако се расправа за разрешување на судија.
Ова е направено со цел заштита на интегритетот на судијата, кој може, но и не мора да биде разрешен, па изреченото може да остави дамка на неговото понатамошно работење како судија. И до тука е во ред.
Но, она што не е дозволено е произволно работење на Советот и негова нетранспарентност. Но кога може со мали Џокица логика да ја разрешат Дамева и да изберат нов претседател, што да не може и да ја исклучат јавноста од нивниот срам.
ГОСПОД ДА НИ Е НАПОМОШ
Новоизбраниот претседател во својата прва изјава, небре е избран за претседател на клерикално тело, кажа дека силно верувал во Бога. Супер е што судија Сашко верува во Бога, а кога веќе се повикува на Бога, со оглед на настанатата состојба и констелација на односи, да се повикам и јас
– Господ да ни е напомош со ваков Судски совет кој утре ќе цени да ли некој судија добро работи или не.
Она што фрапира е молкот на македонските судии. Молк од Врховен, молк од Апелационите судови, молк од Основните судови, молк од Здружението на судии.
Врховниот суд лиферуваше некое „бакнете се и да се смириме“ соопштение, надминување на состојбата, враќање на довербата и останати убави желби на хартија. Здружението на судии испрати уште помизерно мижи асан да ти баам соопштение.
Во Македонија и покрај десеткувањето има над петстотини судии и ниту еден од нив немаше храброст да излезе и јасно и гласно да ја каже вистината- дека случувањата во Судски совет се незаконити, неделовнички и се предмет на кривично дело. Ама ниту еден!! Ниту еден судија не се одважи да стане и да рече луѓе што правите, ова вака не бива.
Комформизмот и клиентелизмот е она што не убива во поим, и она што е рак рана на македонското правосудство изминативе триесет години.
Да од петстотини судии никој нема храброст и интегритет јавно да се побуни е јасна порака до каде сме, но и јасна порака за секој студент по право. А таа е, по дипломирање на баци рака во партија, ако сакате да бидете бели мечки. Ако не, бугарскиот пасош не ви бега!!!