Грнчаров распали кон Панчев: Го уништува клубот од незнаење, болен човек беше и остана!

by Fokus

Вицешампионот Вардар поминува низ тешки периоди во својата историја, а од раководството на клубот се надеваат дека Град Скопје ќе ги врати „црвено-црните“ на старите патеки.

Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев во интервју за „Новости“, говореше за моменталната состојба во која наоѓа клубот.

„Се случуваат некои работи кои веројатно не се добри за Вардар, затоа што сите промени и сите исчекувања не носат добро. Но, што да се прави, ние сме тука, јас и Илија Најдоски сме подготвени за соработка. Секако, доколку новите луѓе од Град Скопје сметаат дека јас и тој, со нашето искуство, може да помогнеме на клубот. Секако дека ќе седнеме на маса и ќе се договориме“, изјави Панчев.

На тоа се јави и поранешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, кој жестоко распали кон Панчев.

„Лижачов уште не престанува пак сака да биде во клубот. Ајде Даре, спушти се доле можеш ти појако од ова. Од 3 пати што беше 3 пати го уништува клубот од незнаење и од неработење. Болен човек беше и остана“, напиша Грнчаров на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости