917
Заменик-претседателката на Владата задолжена за добро владеење, Славица Грковска во гостувањето во Топ тема на Телма говореше за градоначалниците на градовите во Македонија и нивните обврски.
„Добар дел од градоначалниците не се свесни за ингеренциите и обврските што ги имаат. Мислам дека секој од нас кога ќе му биде понудена одредена позиција треба прво да се запраша кои се обврските кои што ќе ги има на таа позиција, какви се одговорностите и дали секој од нас има капацитет да ги извршува тие одговорности и обврски и кога ќе се преиспита себе си тогаш да си го врати одговорот дали ќе се нафати да ја извршува таа функција или не, рече Грковска.