Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

by fokus

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде на 2 февруари ќе присуствува на Националниот молитвен појадок што ќе се одржи во Вашингтон.

Овој настан, кој има 70-годишна традиција на исто место собира повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми.

Како што се наведува во соопштението од владината прес служба, во рамките на посетата на САД, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со сенаторката Џини Шахин, претседавач со Поткотмитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, како и со Ричард Нефју, координатор за Глобална антикорупција на Стејт департментот на САД.

Поврзани новости