Украина се надева дека ќе влезе во ЕУ за две години?

by fokus

Украинскиот премиер Денис Шмигал има двегодишен графикон за обезбедување на членството на неговата земја во ЕУ, што сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина – првиот што ќе се одржи на украинска територија, објави Политико.

Според изданието, никој во ЕУ не мисли дека тоа е реално.

Еврокомесарите ќе отпатуваат за Киев подоцна оваа недела пред Самитот в петок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на Европската комисија и Советот.

Самиот Шмигал поставува тежок рок. „Имаме многу амбициозен план за влез во Европската Унија во следните две години“, изјави тој за Политико. „Значи, очекуваме дека оваа година, во 2023 година, веќе ќе можеме да ја одржиме оваа прелиминарна фаза од пристапните преговори“, рече тој.

Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон рече дека може да поминат „децении“ пред Украина да се приклучи на ЕУ, потсетува Политико.

Поврзани новости