Грета Тунберг ја обвини Шведска дека целосно ја игнорира климатската криза: Активисти го блокираа влезот во парламентот

by Fokus

Еколошката активистка Грета Тунберг заедно со уште 50 други активисти го блокираа влезот на шведскиот парламент за да покажат дека земјата ја игнорира климатската криза.

Со ова активистите ги спречија шведските пратеници да влезат во зградата, на денот кога беше подигнато шведското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, пренесува „Гардијан“.

Во таа прилика Тунберг истакна дека Шведска целосно ја игнорира климатската криза и мами и лаже за да се претстави како да прави доволно и да се движи во вистинската насока, додека се случува токму спротивното.

Таа ја обвини државата дека се занимава со „грин вошинг“, односно создава изглед дека некој се занимава со заштита на животната средина, иако всушност тоа не го прави.

– Шведска е особено добра во зеленилото и се претставува како лидер во климата, иако имаме многу високи емисии по глава на жител – рече Тунберг, додавајќи дека моќните луѓе лакомо бараат краткорочни профити на сметка на човечкиот живот и на планетата.

Тунберг, исто така, рече дека целта на денешниот протест е да се истакне како „луѓето на власт ги игнорираат најранливите, активистите и младите луѓе и науката“ и ги обвини политичарите дека наместо тоа, „приоритизираат краткорочен економски профит“, што „жртвува човечки живот и планета во име на алчноста“. Таа истакна и дека ова е прв ваков протест во Шведска, иако слични акции имало и на други локации низ светот.

– Луѓето на власт не слушаат, тие активно ги игнорираат и ги замолчуваат оние што зборуваат – рече Тунберг.

Според извештаите, на протестот присуствувале и научници кои се занимаваат со климатските промени.

Поврзани новости