Гренел ги негира тврдењата дека Косово и Србија можат да добијат безвизен режим со САД

by Fokus

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, ги негираше тврдењата на косовските медиуми дека Косово и Србија можат да добијат безвизен режим со САД.

Петрит Сељими, извршен директор на Милениумската фондација за Косово и поранешен министер за надворешни работи на Косово, напиша на Твитер: „Силна шлаканица во лицето на Европската унија и нејзиниот расистички однос кон Косово може да дојде само од Вашингтон и администрацијата на Доналд Тамп:, косовските медиуми јавуваат дека САД ќе најави безвизно патување за Косово и Србија 45 дена по договорот за економска нормализација“.

Наскоро по овие тврдења следеше краток и сега веќе типичен одговор од Ричард Гренел: „Повторно неточно“, пренесуваат медиумите.

Ова не е единственото нешто што Гренел, главниот посредник во потпишувањето на вчерашните документи во Вашингтон, за кој тврди дека претставува договор меѓу Косово и Србија за економска нормализација, делумно или целосно ги негираше наводите на медиумите и официјалните лица за деталите од преговорите и церемонијата на потпишување, потсетува КоССев.

Тој прво реагираше на пишувањата на српските медиуми дека пред српската делегација во Вашингтон бил ставен документ за признавање на Косово, означувајќи ги како неточни, а подоцна потврди дека имало изненадувања на состанокот, но не толку големи.

-Понекогаш сакаат да се преправаат пред медиумите дека изненадувањето е поголемо отколку што е, рече Гренел.

Од негова страна имаше демант и во текот на вчерашниот ден. Потоа ги негираше обвинувањата на српската делегација дека биле потпишани два билатерални договори во Вашингтон – едниот меѓу Србија и САД, а другиот меѓу Косово и САД.

“-ие потпишаа дека ќе работат заедно, тие не потпишаа со САД. Ние не сме потписници, рече специјалниот пратеник на претседателот на САД.

Поврзани новости