Грчките пожарникари спасија група од 25 мигранти заробени во шума во североисточна Грција денес додека се приближуваше пламенот од огромниот шумски пожар што гореше две недели, соопштија властите, јави Асошиејтед прес.
Противпожарната служба соопшти дека групата останала заробена во шумата помеѓу две села во регионот на Еврос, во близина на границата со Турција. Нема информации за повредени. Засега нема информации за нивната националност.
Во Пожарот, кој гори 14-ти ден загинаа 20 луѓе чии тела беа пронајдени минатата недела. Се верува дека сите биле мигранти кои неодамна ја преминале границата. Грчкиот тим за идентификација на жртви од катастрофи има задача да ги идентификува останките.
Мултинационалните сили од повеќе од 580 пожарникари поддржани од шест авиони и два хеликоптери се борат со шумскиот пожар што започна на 19 август и за неколку дена се придружи на другите пожари за да го формира најголемиот поединечен шумски пожар во една земја на Европската унија.