Грчките колеги се солидаризирале со македонските новинари кои беа спречени да влезат во Пела

by fokus

Новинарот и уредник на Радио Слободна Европа, Зоран Ќука, вели дека грчките новири чесно и професионално си ја завршиле работата со тоа што информирале за случајот каде грчката полиција им забрани на македонски новинари да влезат во Пела, со цел да информираат за протестот на тамошните националисти.

-Грчките колеги се солидаризираа со нас. Освен тоа што јавија за странските медиуми за тоа што ни се случи, денеска пишуваат и грчките медиуми за тоа. Многу чесно, од нивен аспект, од колегијален аспект си ја завршија работата. Полицијата секогаш може да најде оправдување за да не не пушти – рече Ќука во интервју за „1ТВ“.

Куќа вели дека тоа сепак значи попречување на работата на медиумите, бидејќи настанот бил од голем интерес не само за Грција, туку и за Македонија.

Тој смета дека доколку екипата на Радио Слободна Европа била нападната на собирот во Пела на крајнодесничарите, тоа можеби ќе било искористено за дипломатски препукувања.

 

Поврзани новости