Со одлука на претседателот на грчкиот Парламент, Константинос Тасулас, а со цел да се ограничи потрошувачка на електрична енергија, прекинато е осветлувањето на фасадата и на страничните делови на објектот, а ќе остане само периметарското безбедносно осветлување, соопштија од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Истакнуваат дека со ова „активно учествуваат во националните напори за ограничување на вкупната потрошувачка на енергија“, а додаваат дека паралелно во тек е и програмата за енергетска надградба на зградата, со намалување на потрошувачката за 36 отсто.
Објаснуваат дека конкретната програма започнала во 2019 година и е во фаза на финализација, а се однесува на системите за греење и ладење во самата зграда, како и на замена на електричното осветлување во внатрешноста.