396
Двајцата министри за надворешни работи Коѕијас и Димитров, направија важен напредок, но преговорите не завршија. Напротив, тие се наоѓаат во најкритичната пресвртница, изјавил за грчката агенција АНА-МПА владин претставник, добро упатен во преговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина.
– Некои се брзаат да кажат „оп“, пред Скопје да скокне, рекол грчкиот владин претставник и повикал на смиреност и трпение до Самитот на ЕУ во јуни.