Грчки новинари за МИА: До неодамна зборувањето на македонски јазик претставуваше национална опасност во Грција

by fokus

Граѓаните од Егејска Македонија до пред неколку години биле репресирани затоа што зборувале на македонски јазик, потврдуваат за МИА грчки новинари. Мнозинството жителите на Флорина (Лерин), Касторија (Костур), Преспа, Орестида, Гревена се грчки државјани кои говорат славомакедонски јази, како што го нарекуваат грчките новинари.

Според новинарите по граѓанската војна па до неодамна, односно до пред неколу години, зборувањето на македонски јазик ги навредувало националните чувства во Грција и претставувало национална опасност. Но, велат грчките новинари, ситуацијата е сменета во изминатите неколку години. Сепак употребата на јазикот се уште е табу тема, велат тие.

На прашањето дали сметаат дека по договорот оваа ситуацијата ќе се смени, нагласуваат дека тие се грчки граѓани, имаат грчки идентитет и тие заслужуваат да зборуваат на јазикот кој го сакаат, тоа е нивно цивилно право.

Грчките новинари, со кои МИА разговараше во Псарадес на денот на потпишувањето на договорот, веруваат дека ако се отвори границата локалните жители ќе имаат голема корист, но нагласуваат дека понекогаш луѓето се плашат од промени.

 

Поврзани новости