Грчки медиуми: Нова Македонија и непроменет идентитет, можно решение на проблемот со името

by fokus

Нова Македонија, како што се изговара на македонски јазик, без превод, е предлогот кој превладува во грчките медиуми, како евентуално решение на долгогодишниот спор за името.

Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија, се дел од имињата кои во минатото биле доставени како предлози, што сега, ги споменуваат грчките новинари како можни предлози, но не ја исклучуваат можноста Нимиц да смисли ново сложено име.

„Според последните достапни информации, Нимиц обработува едно решение кое ја задоволува Грција во делот на името, на иредентизмот и делумно во делот на употребата на новото име за сите, но ќе признава македонски идентитет, македонска националност и македонски јазик за Скопјаните“, објавуваат грчките медиуми.

Според дел од грчките медиуми, новото име би било во сите пасоши, лични карти, факултетски дипломи, додека пак идентитетот би останал непроменет.

Очигледна е засилената дипломатска активност за затворање на долгогодишниот спор околу името, нагласуваат медиумите во Грција, споменувајќи и можна средба на премиерите Заев и Ципрас во Давос на 23 јануари.

 

Поврзани новости