Грчки медиуми: Коѕијас во Парламентот денеска ќе претстави 30 доверливи документи за преговорите за името со претходните влади

by Fokus

По наредба на Никос Коѕијас, околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името, било побарано од грчкото МНР да се декласифицираат, а денеска министерот за надворешни работи на Грција ќе ги објави на расправата во Парламентот, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.

За информацијата не постои официјална потврда, а според натписите, станува збор документи кои откриваат како преговарале претходните грчки влади, на што се согласиле, што предложиле.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, во изминатиот период, преку интервјуа за медиумите ги обвинуваше партиите во Грција кои во минатото биле на власт, а сега се опозиција и против договорот, дека преговарале со помеки позиции и за тоа постојат документи во министерството.

Поврзани новости