Европска народна партија: Ова е клучен миг за Скопје, сите политички партии треба да бидат конструктивни

by Fokus 11:29
11:29

Европската народна партија (ЕПП) ги повика сите страни вклучени во процесот за името да покажат конструктивност.

„Го поздравуваме договорот постигнат помеѓу двете влади во Атина и Скопје, кој работи на изнаоѓање решение за долгогодишниот билатерален спор“, се наведува во соопштението.

- Advertisements -

ЕПП се надева дека процесот на имплементација ќе се одвива без пречки од двете страни со што ќе се отвори патот за влез на Македонија во НАТО и можност за почеток на преговори со ЕУ.

 – Ова е клучен миг за Скопје и веруваме дека сите политички партии треба да се стремат кон позитивно и конструктивно однесување за градење на европската иднина на земјата – истакнуваат европските демохристијани.

Соопштението е напишано од страна на бугарскиот пратеник Андреј Ковачев, потпретседател за проширување во ЕПП, Сандра Калниете, потпретседателка на работната група за надворешни работи и Кристијан Дан Преда, координатор за надворешни работи.

ЕПП беше единствена европска политичка партија која начелно не го поздрави договорот за името, со оглед на тоа дека опозициските партии од двете страни се членки на оваа европска политичка група и се против договорот.

Извори за МИА порачаа дека во групата сепак се разговарало зад затворени врати. Ова е прва официјална реакција од страна на европската десница.

Поврзани новости