792
Шеесет и седумгодишен државјанин на Грција вчера починал во казино во Гевгелија.
-На 28.01.2023 околу 15.20 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Р.Грција се струполил на подот, информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.