Човечки труп извлечен од Вардар кај Долно Лисиче

by Fokus

Во СВР Скопје, вчера, околу 12.44 часот, е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.

Како што соопшти МВР, од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Поврзани новости