65-годишен маж е синоќа уапсен во Грција под сомнение дека ги предизвикал пожарите во Атика, предградието на Атина, каде загинаа 91 лице, а се уште 25 лица се водат за исчезнати.
Како што соопштија синоќа од грчката полиција, обезбедени се девет сведочења на граѓани кои го виделе мажот на повеќе локации како подметнува пожари.
Како што објави грчката телевизија Скај, тој палел трева и суви гранки на ридот над Дау Пентели, кога се создале искри што одлетале кон околната вегетација, а поради високите температури и силните ветришта, наскоро се претвориле во голем пожар.
Кога сфатил колкав пожар предизвикал и неговите трагични последици, тој се обидел да ги скрие своите траги со земја, чакал и вода на местото каде што бил предизвикан пожарот.
Жителите на овие реони, потврдиле во истрагата дека тој и порано имал обичај да ги потпалува сувата трева и ѓубрето, а ги игнорирал нивните предупредувања дека тоа може да биде многу опасно.