Грчката опозиција до Мицотакис: Го признавте Преспанскиот договор и ја продадовте Македонија за фотелја!

by Фокус 12:03
12:03

Грчките опозициски партии го критикуваа грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, дека го признал Преспаскиот договор и потребата од негово почитување, иако, како што порачуваат тие, во предизборниот период тој поинаку говорел и настапувал како опозиционер.

-Господинот Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун во опширен говор од околу 7.000 зборови не најде ниту еден збор да каже за македонското прашање, ниту еден збор за Договорот од Преспа, а во изминатиот период се појавуваше како „македономахос” (борец за Македонија н.з.). Сега, по изборите, се чини дека има одлучено дека Договорот од Преспа сепак не е предавнички како што велеа предизборно членовите на Нова демократија, туку е договор што треба да се почитува без отстапки, како и што велат министрите во писмата што ги испраќаат до нивните колеги од Северна Македонија – рече Алексис Харицис, портпарол на СИРИЗА на Алексис Ципрас.

- Advertisements -

Во таа насока коментираа и грчки опозициски партии од десницата, како што е партијата Грчко решение, од каде обвинија дека Мицотакис ја продал Македонија за премиерската фотелја.

Поврзани новости