Коцијанчиќ бара земјите од Западен Балкан да внимаваат со кинеските кредити

by Фокус

Европската унија има намера да го интензивира дијалогот со земјите од Западен Балкан за да ги објасни придобивките од финансирањето преку главните инструменти на инфраструктурните проекти на ЕУ, а воедно ги повикува властите да посветат посебно внимание при обезбедувањето инвестиции од други партнери кои му помагаат на регионот да ги исполни стандардите на ЕУ, рече портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ.

-Финансирањето на Европската унија за инфраструктурата вклучува бесповратни средства, помешани со кредити со атрактивни камати. Тоа е спротивно на кинеското финансирање, кое доаѓа скоро исклучиво во форма на заеми со значителни финансиски импликации. Затоа, владите треба да бидат внимателни овие инвестиции да не ја стават економијата на високо ниво на задолженост, што може да резултира со контрола на трансферот на стратешки средства и ресурси во иднина – предупреди портпаролката на ЕУ.

Таа истакна дека регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива, што, според неа, подразбира и потреба од модернизација на инфраструктурата во овие земји, во кои спаѓа и Македонија, која, како што е познато, со кинески заем од околу половина милијарда евра гради две автопатски делници.

Поврзани новости