Грчка Преспа е под полициска опсада, грчките националисти доаѓаат на протести

by Fokus

Преспанското крајбрежје од изутрина врие со полициски блокади со припадници на специјални единици. Тие во грчкиот дел се распоредени на патот кон селото Нивици, каде денеска ќе биде потпишан договорот за името.

Вооружени сили има и на македонската страна, но поголеми проблеми се очекува да има грчката полиција, по најавите дека грчки неонацисти и националисти ќе се обидат да дојдат во селото со цел да протестираат против договорот.

Поврзани новости