379
Опозициската пратеничка Солза Грчева оцени дека оставките на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков се задоцнет и недоволен чекор, бидејќи граѓаните бараат и очекуваат оставка на целата влада на чело со Никола Груевски.
– Има целосна некомпетентност на овие луѓе, поради кои безбедносниот систем крахираше. Загинаа 8 луѓе и повредени беа над 30, па како може, премиере Груевски, оваа акција да ја наречете успешна? За режијата на оваа сценографија јавноста допрва ќе дознава! – истакна Грчева.
Таа реагираше дека кандидатот за нов министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е некомпететнтен и млад.