Грчева: Народни пари за иновации не смее да им бидат исплатени на Анѓушев и Локвенец

by Фокус

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, итно да поднесе оставка на функцијата и против него да се покрене обвинение за “злоупотреба на службената должност“, а парите што ги наменил за фирми на Кочо Анѓушев и Хари Локвенец не смеат да бидат исплатени, побараа од Глас за Македонија на Солза Грчева.

„Ова е класичен пример на корупција во највисоките ешалони на власта, во ситуација кога Македонија води на сите светски скали за корупција. Никакви оправдувања не се уважуваат. Едноставно, додека се на функција и поради функциите не смеат да се богатат од народни пари кои им следуваат на вистински, а не на измислени иноватори. Развојот на овој корупциски скандал будно ќе го следиме, како и секој обид да се проневерат народни пари“, соопштија од партијата.

Од таму сметаат дека со ваквите постапки влада само ја оддалечува државата од ЕУ и притоа врши невиден притисок за прифаќање на, според партијата, срамен договор за името.

Поврзани новости