Хрватските музичари Петар Грашо и Тончи Хуљиќ со песната ,,Инаморана” се победници на шестиот избор на ,,Денови на најдобрата домашна музика”, а за време на настанот за прв пат отворено зборуваа за новостите од нивниот приватен живот.
Долгогодишните соработници и пријатели од неодамна се најдоа и во нова улога, откако ќерката на Хуљиќ, Хана, откри дека очекува дете со Грашо, со кого што започнаа романса пред само неколку месеци.
Откако се заблагодари за наградата, Хуљиќ пред тамошните медиуми раскажа и за очекувањето на приновата во нивното семејство.
-Постојано им викав, ќе ме направите ли вие мене конечно дедо? А кога дојде тој момент, ма фати мала паника. Јас сум човек кој планира на долги патеки. Кога ќе станеш дедо, ќе чекаш да станеш и прадедо – изјави тој.
И Грашо кој е познат како личност која избегнува да зборува за приватниот живот, се расприкажа за доаѓањето на бебето, кое се очекува на лето.
-Ми беше потребно некое време да ја сфатам таа прекрасна информација, и сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата на нашиот дом, ние живееме како и секоја нормална фамилија која очекува принова – изјави пејачот.
На новинарско прашање дали знае како се менуваат пелени, одговори дека во семејството има и други членови, кои треба да ,,прогуглаат” како се прави тоа.
Вики Клинчарова