Прославата на роденденот без маски на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предизвика низа реакции кај јавноста во Македонија. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска одговори дека сите инспекторати постапуваат неселективно и вети дека така ќе биде и за овој случај.
„Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна”, рече Грашковска.