Граѓанско движење: Дури 870.000 граѓани боледуваат од респираторни болести

by Фокус

Дури 870.000 граѓани во Македонија боледуваат од респираторни болести, од кои 670.086 или 76 отсто од граѓаните боледуваат од болести на горните дишни патишта, додека 198.431 или 22 отсто од населението страдаат од болести на долните дишни патишта, покажуваат последните статистички податоци од 2014 година.

Овие бројки со јавноста денеска пред Институтот за јавно здравје во Скопје ги споделија активистите од граѓанското движење „Ќе дишеме или ќе издишеме“ и го прашаа директорот на Институтот, дали оваа здравствена установа нешто работи или е филијала на Државниот завод за статистика.

– Бараме јавно да се каже колку граѓани боледуваат од респираторни болести и од карцином во Скопје, Тетово и во Битола – истакнаа на активистите од „Ќе дишеме или ќе издишеме“.

Поврзани новости