452
Центарот за развој на медиуми, НВО Инфоцентарот и Граѓанското здружение 8-ми Септември денеска соопштија дека пристапуваат кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА,бидејќи сметаат дека оваа коалиција не е ниту предизборна, ниту пак, е коалиција за освојување на власта.
Коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА е коалиција за освојување на слободата, демократијата и владеењето на правото. Ги повикуваме сите слободоумни граѓани да се приклучат на оваа коалиција и масовно да излезат на протестот на 17 мај.