Од граѓанскиот суд ги демантираат информациите во дел од медиумите кои објавиле дека дека рочиштата во Основниот граѓански суд Скопје се одлагаат поради превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирусот).
-Не се точни наводите дека рочиштата во овој суд се одлагаат поради превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус). Имено, во овој се одлагаат само оние рочишта каде од страна на странката е даден предлог за одлагање, односно за кои одлагањето е предвидено согласно одредбите од Законот за парнична постапка, како и оние рочишта кај оние судии кои се опфатени со мерките на Владата на Република Северна Македонија за ослободување од работни обврски.
Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 10 судии и тоа на тројца судии кои се во самоизолација поради патување во странство, на пет судии кои ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години и на двајца судии кои се хронично болни.
Основниот граѓански суд Скопје во целост ги применува Заклучоците од Владата на Република Северна Македонија за спорведување на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус) и истите ќе ги применува се до донесување на нови мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на Основен граѓански суд Скопје.