Граѓански марш со поддршка за парите што се оделуваат за патните трошоци на пратениците!

by lali

Граѓаните на Македонија во голем број излегоа на улиците низ републиката за да ја покажат и дадат својата поддршка за парите што се оделуваат за патните трошоци на пратениците. Во поголемите градови низ земјата, спонтано се собраа граѓани кои држеа пароли, извикуваа молитви и држеа говори со цел да ја покажат својата убеденост дека пратениците заслужуваат и повеќе од милион и триста илјади евра за патни трошоци.

„Пратениците се луѓе исто како нас, и тие одат на работа и се оделени од своите родни места, па секое евро дадено за патен трошок се добро оправдани пари од буџетот на државата. Што би било ако тие се возат со комбиња или слични јавни превозници? Они се одбрани од народот и за народот па мора да добиваат привилегии. Искрено заслужуваат и повеќе надоместок ако целото семејство им живее во различни станови.“ – искоментира еден граѓанин кој секој ден патува од Скопје за Тетово со автобус во кој нема место ниту за стоење.

„Знаеме дека платите на пратениците не се за потценување, но сепак би било греота од тие пари сами да издвојуваат пари за патни трошоци. Направете само матеметика, од 1000 и кусур евра плата, ако треба секој ден да плаќаш автобуска карта до Скопје и назад, што ќе остане за нив. Сепак сметките мора од нешто да се платат. Има и пратеници што се уште одат на факултет надвор од Скопје, зар треба од свои пари да го платат патувањето до универзитетот преку кој ќе се стекнат со знаење што ќе биде корисно за управување на државата,“ искоментира една жена која држеше парола – 23 илјади евра целосно заслужени.

Граѓанскиот марш се спроведе како поддршка за исплатените патни трошоци на пратениците од минатата година кој што државниот буџет го олеснија за околу еден милион евра. Оаа иницијатива ја поддржаа стечајците, преставниците од малите, средни и големи претпријатија што плаќаат данот, а тука беа и дел од студентите, средношколците, луѓето со плата од 9000 денари, пензионерите и голем број естрадни уметници и глумци кои хонорари се подложени на данок.

Додека организаторите на маршот овој настан го прогласија за успешен, сепак во некои градови се судрија со контра демонстарнтите кои тврдеа дека милион евра за патни трошоци се премногу за луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат по кафиња во штабови или партиски активности а не државни.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.