Заев од Штип: Не поминува лагата Груевски, заврши твоето владеење

by Фокус

Ајде овде од Штип да го прашаме Груевски. Од сето тоа што е презентирано во јавноста, од сите тие, преку 220 разговори коишто ги слушна цела Македонија и целиот свет: Никола Груевски, што од тоа е точно? Што од тоа е делумно точно? Што од тоа е неточно? Овие прашања од Штип до премиерот ги упати лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

– Сé е точно, почитувани граѓани. Готово е. Нема бегање од вистината. Злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај, вистината секогаш победува. Таа е една и единствена. Готово е Груевски. Не поминува лагата. Заврши твоето владеење.Доаѓа времето на слобода, на демократија, на правда, во нашата Македонија.Ова е борба на сплотен народ. Единствен и по нација и по вера и по етникум. Сите заедно сме сплотени, слободарски,  против врхушката на власта. Заедно сите за исконските цели, слободата и демократијата во нашата земја.Ајде, сите заедно, здружено, да си ги вратиме слободата и демократијата во нашата земја. Ајде сите заедно, здужено и сплотено, да бидеме горди граѓани на демократска Македонија – истакна Заев.

 

Поврзани новости