50 отсто од тестираните примероци во Македонија припаѓаат на британскиот сој на корона вирусот

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното интервју рече дека според денешните најнови информации дури 50 отсто од тестираните примероци на корона вирус биле од британскиот сој.

-Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму, најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на корона вирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на корона вирусот, рече Филипче.

Поврзани новости