Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.
– Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.
САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледал и тековните црковни активности, а особено внимание обрнал за последните подготовки околу престојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи на денот кога е одржан историскиот собор пред 60 години и кога МПЦ-ОА го празнува Соборот на сите македонски свети, од 5 до 7 октомври 2018 година.