Тетовец со автомобил прегазил малолетници

by fokus

30-годишен жител на Тетово во текот на вчерашниот ден прегазил двајца малолетни сограѓани на 15 и 18 години.

„На 12.09.2018 година околу 19.30 часот на кружниот тек на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(30) од  Тетово, удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години.

Повредените пешаци, соопшти денеска МВР, биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле задржани за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Tетово“, истакнаа од МВР.

Поврзани новости