Граѓаните се плашат дека во пенкалата на избирачките места има вградено камери

by fokus

41 отсто од македонските граѓаните веруваат дека власта има начин како да дознае за кого гласаат на изборите, покажува истражувањето што неодамна го спроведе Македонскиот центар за европски тренинг (МЦЕТ) на репрезентативен примерок од 1.201 лице.

Луѓето се плашат на пример дека во пенкалата со кои треба да заокружуваат на гласачкото ливче има вградени камери, како и дека ќе се утврди нивниот идентитет ако на гласачкото ливче има сериски број.

На прашањето зошто луѓето се плашат јавно да го изразат своето мислење, 79,6 отсто од анкетираните изјавиле дека причината е што се плашат од негативни последици за нив и нивните семејства. Повеќе од една половина од прашаните рекле дека веруваат оти тајните служби ги прислушуваат комуникациите на луѓето кои ги сметаат за противници на владата.

МЦЕТ во истражувањето заклучува дека власта намерно создава перцепција за нејзина целосна контрола во услови на екстремна поларизација, а тоа ја зголемува цената на спротивставување на власта.

Поврзани новости