Организацијата „Кане Корсо“ на денешниот протест во центарот на Скопје, побараа од институциите масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните кои живеат на улица или згрижување во стационари каков што е „Вардариште“, јави Макфакс.
Главниот проблем според нив е слободната продажба на отрови кои се опасност по здравјето и животот на сите.
„Институциите кои толерираат насилство, истото го охрабруваат и соучествуваат, а ние во нив го вперуваме прстот. Порачуваме и ги повикуваме институциите да постапат во рамки на нивните надлежности и да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомните животни“, изјави актерката Весна Петрушевска на собирот.
Петрушевска потенцираше дека за насилниците на бездомни животни треба да им се изрече казна затвор.
„Јас имам вдомено четири кучиња, вие можеби имате уште повеќе. Не сакам моите деца да бидат жртва на некои психопати, неписмени и ненормални кои што фрлаат отрови и го загрозуваат животот не само на кучињата, туку и на децата“, додава таа.
По многуте напади кои легнаа на сметка на Здружението заштита на животните „Анима Мунди“, Петрушевска и граѓаните застанаа во нивна одбрана.
„Отсутноста на цивилизациското во нас е нивната невозможност да го прифатат животното такво какво што е и да го чуваат. Ние сме тука прво да се заштитиме себе си и да им дадеме пример на оние бедни души кои го прават тоа, а мислат дека ова е политиканство“, потенцираше Петрушевска во својот говор.
Протестирачите со транспаренти и пароли од плоштадот „Македонија“ се упатија кон Собранието