Груевски за српски „Блиц“: Искра во една земја може да го запали Балканот

by fokus

Фрлената искра во една земја може да запали оган и во останатите. Гледаме дека има големи тензии во повеќе земји во регионот. Би било наивно да се исклучи било какво сценарио, но на нас е да не дозволиме оваа ситуација да ескалира, вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во интервју за српски „Блиц“.

Македонија, додава Груевски, ќе стане бинационална држава со два официјални јазици. Останатите етнички заедници кои се дел од богатството на сегашна мултиетничка Македонија ќе бидат фрлени во втор план.

„Постепено ќе започне процесот на кантонизација или федерализација кој ќе ја разбие унитарноста на земјата. Албанските партии не отстапуваат од условот македонските банкноти да станат двојазични, како и униформите на безбедносните сили. Ќе започне дебата за химната, грбот и знамето која порано или подоцна ќе резултира со нивна промена. За сега тоа го нарекуваат дебата бидејќи немаат двотретинско мнозинство за да ги променат. Да го имаат, тие одамна би биле сменети“, додава Груевски во интервјуто за „Блиц“.

Тој го повтори својот став и во однос на невладиниот сектор и обвини дека Сорос го поткупил целиот невадин сектор.

„СДСМ и невладините организации под контрола на Сорос функционира и тоа со тајни симболи. Изминатите 20 години Сорос го поткупи целиот невладин сектор во Македонија и го стави на располагање на СДСМ, во прашање е и финансиска и персонална и логистичка. Сведоци сме дека првите луѓе на невладините организации се под контрола на Сорос преку и преку ноќ станаа пратеници на СДСМ и ја бранат партиската политика. Се работи за една лажна невладина организација“.

 

Поврзани новости