Граѓаните од Дебар Маало денеска во 18 часот на протест откако комбе за дотур прегази жена

by Fokus

Граѓани од Дебар Маало денеска ќе излезат на протест по несреќата каде што жена почина откако беше прегазена од комбе кое вршело дотур на стока.

Под слоганите „Вратете ни ги тротоарите“ и „Здравјето пред профитот“, протестот ќе се одржи од 18:00-19:30 часот, на улица Антоние Грубишиќ, во потегот од ОУ „Коле Неделковски“ до Министерство за култура.

Граѓаните од оваа населба бараат ослободени тротоари за пешаците да можат непречно да се движат и да се реши проблемот со паркирањето.

„Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење. Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, повикуваат од иницијативата „Во одбрана на Дебар маало“.

Поврзани новости