484
Демонстрантите во моментов пристигнуваат пред Собранието на Република Македонија, а ги поминаа Министерството за правда и канделаријата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тие таму не се задржаа, но додека поминуваа пред полициските кордони кои ги чуваа овие институции извикуваа „Кого чувате?“ и „Чувате лопови“.