Народен правобранител: Затворениците се заплашувани за да не штрајкуваат

by Фокус

Народниот правобранител има основани сомневања дека на организиран начин на затворениците им е вршен притисок да не штрајкуваат со што им е повредено правато на штрајк.

Освен тоа, од вчерашните посети во затворите во земјата, народниот правобранител констатира дека има незадоволство од одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција како и од неговиот одговор на барањето за помилување на затворениците.

Од неговата канцеларија велат дека состојбата во затворите ќе се следи континуирано и претставници на правобранителството ќе разговараат со затворениците за да им укажат на нивните права но и обврски.

Инаку, Иако за вчера беше најавен штрајк во затворот Идризово сепак тоа не се случи. Директорот на затворот Живко Пејковски и вчера ги отфрли обвинувањата дека им е вршено било каков притисок на затворениците тој тврдеше дека се се одвива нормално.

Поврзани новости