Граѓаните кои не добиле ваучер или не им се вратени парите од пропаднати аранжани да пријават во ДПИ, повика Пауновски

by fokus

Сите граѓани кои не добиле ваучер или не им се вратени парите од туристичките агенции за пропаднатите аранжмани поради пандемијата со корона вирусот веднаш да поднесат претставка до најблиското одделение на ДПИ до нивното место на живеење, повикува директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски.

-До денеска нема претставка која не е решена за туристичките агенции. Нека поднесат претставка и ќе се потрудиме да им излеземe во пресрет и да ја реализираме во корист на потрошувачите. Одговoрно тврдам дека Државниот пазарен инспекторат им има излезено во пресрет на сите оние кои досега поднеле претставка против туристичките агенции. Тие или добиле ваучери или им се вратени парите било тоа да се детски екскурзии или, пак, поединечни патувања на одредени лица. До денес нови претставки немаме освен оние што веќе сме ги решиле, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој прецизира дека најголемиот дел на претставките против туристичките агенции се поднесени во април годинава, уште во првиот бран на пандемијата.

Поврзани новости