СЗО: Во Словенија бројот на заразени е зголемен за 150%

by fokus

Светската здравствена организација денеска објави дека минатата недела е забележано големо зголемување на инциденцата на коронавирус во Европа, односно дека се потврдени повеќе од 927.000 случаи.

Во својот последен извештај, СЗО наведува дека бројот на нови случаи е зголемен за 25 проценти во последната недела, односно дека новите случаи во Европа сочинуваат 38 проценти од сите нови случаи пријавени ширум светот.

СЗО потенцира и дека и бројот на смртни случаи во Европа продолжува да расте и е за една третина повисок од претходната недела.

Агенцијата за здравство на ООН соопшти дека бројот на нови случаи во Словенија е зголемен за 150 проценти во однос на од претходната недела, со нови 4.890 случаи.

Поврзани новости