315
Во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираа од претпријатието.
„Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.Новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје“ – се наведува во соопштението.