Граѓаните на кои им следува финансиска поддрша од 6.000 денари, ќе може да го ја искористат до 31 март.
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
-Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од КОВИД-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата, соопштуваат од Владата.