Граѓаните кои се исклучени од услугите на Топлификација денес во 12 часот ќе протестираат и планираат да ја пуштат „бомбата“ каде ќе биде обелоденето какви односи постоеле меѓу Топлификација и поедини вршители на високи јавни функции.
– Ќе бидат обелоденети докази дека таткото на еден министер, работел во ТЕ-ТО“ – се наведува во соопштението за протестот.
Од таму тврдат дека на протестот ќе стане збор за судењата кои се во тек пред Основниот суд Скопје 2.
– Судот масовно ги осудува исклучените од Топлификација да плаќаат огромни суми за ништо. Некои судии тоа го образложуваат со потребата да се „ воспостави ред ” и тврдат дека било „ многу лошо ” што има исклучени и дека исклучените треба да се присилат на повторно приклучување. Ова се тажни моменти за судството во Македонија, затоа на протестот во сабота ќе се зборува за судења кои се во тек – се наведуваше вчера во нивното соопштение.