На жиро-сметката на Црвениот крст заклучно со денеска граѓаните донирале 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000 денари или 209.577 евра. Вкупно, тоа се 588.415 евра кои граѓаните ги донирале за помош на оние кои претрпеа штети во поплавите.
-По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен, велат од Црвен крст.
Сега за сега не се знае кога парите ќе бидат префрлени на сметки на граѓаните на кои им се потребни, а од Црвен крст рекоа дека акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките, (7 август), а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации.