ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/СОРОС нема капацитет да работи во интерес на граѓаните

by fokus

Очигледен и безброј пати е потврден фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Петре Шилегов.

-Деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос секојдневно доживува порази и целосно е прочитана од страна на граѓаните. СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека „деструкцијата“ на СДСМ немало да ги поколеба секојдневно да бидат со најпогодените, да им помагаат, да ги слушаат нивните проблеми и да бараат решенија за нивно надминување.

Поврзани новости