466
Лице кое на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром довикувал до партискиот лидер Никола Груевски дека по изборите ќе заврши во затвор го предизвикало вниманието меѓу насобраните граѓани.
Од Министерството за внатрешни работи за Фокус велат дека ова лице не било приведено, но било отсрането од местото на собирот, за да се избегне поголем инцидент.
Отстранетото лице не пријавило во полицијата дека било нападнато од некој од присутните или обезбедувачите на митингот на владејачката партија.