Граѓани палат свеќи за загинатите полицајци, пристапот до Владата блокиран

by Фокус

На булеварот „Свети Климент Охридски“ се собираат граѓани кои палат свеќи и оставаат цвеќиња во чест на осумте загинати полицајци во акцијата во Куманово. Нивните имиња со креди се испишани на улицата. Во соработка со Црвениот крст се одржува и акција за собирање на пари за жителите на кумановската „Дива населба“, чии домови беа уништени или оштетени.

Пристапот до Владата повторно е оневозможен од кордон полицајци, кои не дозволуваат граѓаните да ги изразат својот револт и да протестираат пред владината зграда.

Граѓаните од денеска се обединија во движењето „Протестирам“, кое е граѓанско движење за мир, правда, демократизација на институциите и оставка и одговорност на сегашната Влада.

 

Фото: Радио МОФ

Поврзани новости