Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски за утре свика состанок на кој се поканети сите градоначалниците од Скопскиот плански регион, информираат од Град Скопје, а тема на состанокот ќе биде загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопскиот регион.
Група граѓани и еко-активсти во среда во 17 часот во градскиот парк ќе одржат протест против енормното загадување на воздухот кое во одредени денови достигнува и до 20 пати над дозволените вредности.
Организаторите на протестот имаат 12 барања до централата и локалната власт меѓу кои се воведување пар-непар возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.