Градоначалникот на Штип Сашко Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов рече дека дал предлог дека нема ништо против бугарскиот јазик факултативно да се изучува во македонските училишта.
-Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите, вели Николов.
Тој додаде дека со Ангелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.
Бугарскиот амбасадор, како што самиот вели, е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.